четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 93
home Вести

Димовски достави Предлог одлука за огласување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Димовски достави Предлог одлука за огласување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

До Собранието на Република Македонија, како Претседател на комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, доставив Предлог одлука за огласување именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, изјави пратеникот Илија Димовски.

-Собранието на Република Македонија на 19 март 2018 година разреши пет од седум члена на Државната комисија за спречување на корупцијата, поради што сметам дека е потребно согласно Законот за спречување на корупцијата да се распише оглас за именување на нови пет членови на оваа комисија. Во овој момент државата нема функционална комисија за спречување на корупцијата. Политичката најава за можно одржување на предвремени парламентарни избори наметнува потреба да се комплетира составот на Државната комисија за спречување на корупцијата, заради нејзината надлежност и опфат на задачи поврзани со спроведувањето на изборите, а во согласност со законите, подвлекува Димовски и додава:

„Одржување на избори без функционален состав кој ќе може да одлучува и постапува во време после распишување на избори и во време на изборна кампања може да значи комплетно беззаконско дејствување на партиите и државните и јавни институции. Ќе нема институција која ќе може да се спротивстави на евентуалните злоупотреби на државните, локалните и јавните институции во полза на партиите. Покрај можноста од одржување на предвремени парламентарни избори треба да се има и предвид и неизвесноста од донесување на нов Закон за спречување на корупција која трае подолг период“.

За потсетување, истакнува Дмовски, Државната комисија за спречување на корупцијата е надлежна да ги применува мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето за власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето на работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавни овластувања како и мерките и активностите за спречување на корупцијата во трговските друштва.

Најнови вести

Коронавирус