четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

Димовски до Заев: За доброто на државата време е да си поднесете оставка и оваа политичка агонија да заврши!

Димовски до Заев: За доброто на државата време е да си поднесете оставка и оваа политичка агонија да заврши!

„Господине Заев, време е да вие лично поднесете оставка, но за добро на државата време е оваа политичка агонија да заврши“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница за реконструкција на владата.

Димовски посочи дека државата сега се наоѓа во истата фаза на политичка агонија, како во времето на објавување на бомбите од страна на СДСМ.

-И сега граѓаните губат доверба, а правниот систем е разнесен и се знае кои министри нарачувале обвиненија преку СЈО чие функционирање многу добро се виде преку рекетот и последиците со тоа. Најдобро во овој момент и за Република Македонија и за граѓаните и за економијата и за макроекономската стабилност во државата, но и за вашата партија и за вас. Оваа политичка агонија треба да заврши што е можно побрзо. Ајде да ги следиме европските примери, да ја следиме Австрија блиску ни е. Се објави една единствена снимка за заменик претседател на владата и државата отиде на избори, потенцираше Димовски.