Господине Заев, што беше ваша одговорност заврши. Сега одговорноста е на овие 120 пратеници коишто имаат иста тежина во своето одлучување, ист проблем во својата глава да го најдат најдоброто во сето ова, врати пратеникот Илија Димовски на репликата на Заев во Комисија за уставни промени.
Димовски посочи до Заев, процесот е промашен без двете идеолошки линии на македонскиот народ ние имаме само братоубиство. Така било пред 50 години, така било пред 70 години, пред 90, пред 100 години.
Димовски апелираше до Заев да разбере колку и да му била добра намерата, оди во мртва улица.
-Треба да најдете начин не сега постфестум треба да најдете начин за заедништво, единство и конзенсус врз база на веќе донесените документи од страна на Собранието на Република Македонија. Господине Заев, нас ни треба компромис со Република Грција, но прво ни треба компромис помеѓу нас. Ни треба разбирање помеѓу нас и ни треба и Вие и господин Мицкоски заедно да застанете зад едно единствено решение и една единствена позиција. Заради тоа што на оваа тема не треба да добиваме политички поени, оваа тема и Вас и нас како пратеници ќе ни виси до крајот на животот, ако постапиме добро или ако не постапиме добро. Секој со својот вредносен суд, посочи Димовски.