петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 58
home Вести

Димовски до Спасовски: Резултатите кои ги имате зад себе во минатите 3 години не се препорака за функцијата која што ќе ја извршувате

Димовски до Спасовски: Резултатите кои ги имате зад себе во минатите 3 години не се препорака за функцијата која што ќе ја извршувате

На денешната собраниска седница за избирање на технички министри во преодна влада за одржување на предвремените парламентарни избори, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски зборуваше што оваа влада предводена од СДСМ има „сработено“ и го коментираше изборот за технички премиер, Оливер Спасовски при што го кажа следново:

-Господине Спасовски изборот на позицијата технички премиер не е за честитање, но друго е за честитање. Оваа функција ви го отвара патот после поразот на изборите во април да чекорите кон функцијата претседател на СДСМ, затоа ви го честитам тој пат. Втора работа, господине Спасовски да ви се заблагодарам што денеска успеавте да ги донесете министрите овде присутни во Собранието на Република Македонија заради тоа што поголем дел од нив никогаш не сме ги виделе, значаен дел не ги познаваме, а многу сме ги молеле и да дојдат, но не доаѓале. Да не набројувам почнувајќи таа сама знае дека ќе биде прозвана , госпоѓа Царовска, госпоѓата Дескоска, Филипче го гледам малку собран во фотелјата. Министрите за странски инвестиции да носат имиња со себе после 3 години нема да ги погодиме кои се.

Димовски во своето обраќање го спомна правило кое се однесуваше на владата на СДСМ кое се однесува на тоа дека како дошле на власт така и ќе си одат односно тоа значи дека владата на СДСМ дошла на власт со техничка влада, и сега и така ќе си оди. -Слушаме деновиве и многу од министрите бараа и нови ангажмани. Анѓушев замина, Рената Дескоска има амбиции професионално да се надоградува во Венеција, слушаме и други министри пројавиле желби за ангажмани надвор од Република Македонија. Она кое може да го констатирам дека оваа влада која вие ќе ја предводите е истата влада на Зоран Заев со исклучок на двајцата кандидати за министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Ова е влада рекордна најголема во историјата на РМ со рекордно најголем буџет, со рекордно најмала број на резултати и рекордно најголем број на афери и скандали. Тоа се успесите на вашата влада, порача Димовски.

Пратеникот Димовски укажа и на тоа дека кога координаторот на СДСМ зборуваат за „режимот“ и за минатото да внимаваат бидејќи една половина од пратениците на СДСМ и една третина од министрите во оваа влада беа многу педантни извршители во периодот на „режимот“ и беа дел од тој „режим“, затоа да не некој од нивниот тим случајно ги навреди. -Препораката за вие да бидете премиер ние ја разбираме чисто партиска , докажан партиски работник, потпретседател на СДСМ, но ресорот кој го водевте и резултатите кои ги имате зад себе во минатите 3 години не се препорака за функцијата која што ќе ја извршувате. Имаме 10 и 10 нерешени запалени автомобили низ државата, многу нерешени убиства, многу избегани убијци, целосен хаос. Спасовски какви се тие реформи во МВР кога на 2 јануари делите над 200 решенија зад промени во министерството, од што се плашите?. Или Царовска денеска во денот кога е под оставка распишува 20 тендери, потенцираше Димовски.

Пратеникот кажа дека оваа влада ќе остане запаметена по многуте тендери, по рекетот, огромната партизација насекаде низ државата, нарачани судски постапки директно од министри од владата, уцени на политички неистомисленици и разрешени најмалку 7 уредници на медиуми нарачани директно од владата.

Коронавирус