сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Димовски до СДСМ: Пола влада се сликаше во Велес по пожарот, но се уште опожарениот дел не е пошумен

Димовски до СДСМ: Пола влада се сликаше во Велес по пожарот, но се уште опожарениот дел не е пошумен

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека поминаа 4-5 месеци од пожарот што се случи во Велес, а сеуште не се пошуми опожарениот дел, а со тоа се појавува ризик дека ќе се случи ерозија на почвата.

Мислам дека би требало 10 милиони денари да се издвојат специфично за градот Велес поради две причини. Прво заради настанатиот пожар на единственото место околу Велес каде што имаше шума.

Но и ветувањата кои што ги дадоа и претседателот на државата и премиерот на државата, истакна Димовски. Димовски појасни дека во моментите кога беше ребалансот на Буџетот амандманот беше одбиен со толкување или со образложение дека само што не почнале оперативните зафати на терен. И дека во октомври месец таму ќе почне да се пошумува. Јас сакам да ве известам дека од тие ветувања тогаш реално не видовме ништо на терен.

Пред два дена значи после 4-5 месеци откако поминаа започна отстранување на опожарената дрвна маса. Тоа значи дека она што ви го кажав дека оваа есен нема да преземете активности за насадување на нови насади испадна точно,потенцира Димовски. Димовски образложи дека поради доцнење за посадување на нови насади се појавува и ризик, а тоа е дека со секој ден поминат ќе настане ерозија на почвата и така цела околина на Велес ќе страда. И 4 месеци поминаа но власта не презеде никакви активности, иако имаше во меѓувреме сликање на премиерот, министрите, односно пола влада, дури дојде и претседателот на државата.

Коронавирус