среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Димовски до СДСМ: Кога државата сака може да реши еколошки проблем

Димовски до СДСМ: Кога државата сака може да реши еколошки проблем

Мислам дека примерот со Дојранското езеро треба да го имаме во предвид секогаш од аспект на тоа кога државата сака да помогне од некои еколошки катастрофи, стварно може да помогне, појасни Илија Димовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисија за финансирање и буџет.

Димовски образложи дека историјатот на проблемите поврзани со Дојранското езеро е преку 30 години и беше доведено до раб на биолошка егзистенција. Но со интервенција сериозна на државата во далечната 2001-2002 година гледаме дека се врати во животот езерото на економски, инфраструктурен план. И претставува едно добро прибежиште на многу граѓани од југоисточниот дел на државата кои не се во економска и социјална можност да си дозволат летувања, викенди надвор од државата па го користат затоа.

-Но и како биолошки диверзитет со сето она што го носи со себе флора, фауна итн. и од тој аспект мислам дека би било одговорно во најмала рака пратениците да дадат поддршка доколку министерството се уште е ригидно во однос на оваа позиција. Сепак велам првиот аргумент ми е кога државата сака може да реши еколошки проблем. И тоа е Дојранското езеро како пример. Вториот аргумент ми е дека малце ги влечеме овие работи премногу долго околу пречистителни станици на водните текови низ Република Македонија, посочи Димовски.