петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 12
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Димовски до Макрадули: Правевте театар и паѓавте во несвест за едно дрво, сега штитите бизнис интереси на најголемите загадувачи  

Димовски до Макрадули: Правевте театар и паѓавте во несвест за едно дрво, сега штитите бизнис интереси на најголемите загадувачи  

Шетавте по улици со маски, правевте театри за едно дрво паѓавте во несвест, ќе ја заштитувавте екологијата, манипулатори. Штитите бизнис интереси и намалувате давачки на најголемиот загадувачки ресурс. Донесете да видиме кои фирми го користат, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната собраниска седница обраќајќи му се на заменикот министер за животна средина Јани Макрадули.

Димовски истакна дека сериозен политичар кој што е задолжен од државата да се занимава со животна средина на ваква дебата ќе дојдеше спремен со 15 минутен говор со предлог на мерки за секој град поединечно и си предлог заклучоци што владата ќе предложи да се реши во поглед на тоа, детектирани проблеми во Велес, во Тетово, Гостивар, Битола Кичево, но нема таква работа „Јани Макрадули го паметите?

Пратеник од опозиција беше, пратеник од опозиција остана.

-Јани Макрадули на клучната дебата од интерес на граѓаните денеска зборуваше 15 минути Коце Трајановски што правел пред 7 години. Јани помина тоа време, три години имаше ти да правиш нешто. Што направи ништо. Покажуваш бројки а истиот ти пред една недела викаш дека сите бројки се од Али Експрес. Ако не чинат тогаш не чинат ни вака ни така, а не да си вадиш тие кои ти чинат, а кои не, потенцираше Димовски.

На предлогот за заедничка акција Димовски вели дека може да има таква, но има предуслов, а тоа е да се обезбеди комплетен список и количини на сите фирми кои што увезувале Петрол Кокс и отпад.

-Да видиме зошто ги укинавте давачките за петрол кокс кои во време на Ставревски ние ги зголемивме за 40%. Донесете го тој список да видиме кои се фирмите и луѓето од тие фирми. Чии бизнис интереси користите. Не може да излезете на говорница и да ги правите граѓаните дека не разбираат Не дишеме воздух, дишеме материја. Скопје е најзагаден град, нагласи Димовски.

Коронавирус