сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Да ја обновиме нашата родна татковина, да ги поништиме сите понижувања

Димовски: Да ја обновиме нашата родна татковина, да ги поништиме сите понижувања

Сите заедно, рамо до рамо, рака под рака, како што знаеме ние Македонците, сплотени и обединети, на денот на изборите да гласаме и да заокружиме 14, порача Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Браќа и сестри, Македонци по род, достоинствени и горди на својот корен, каде и да сте по белиот свет. Наши ближни по заедничките маки и разочарувања и сочуствителни на понижувањата кои ни се случуваат во последните години.

Ви се обраќам вам, кои го носите пламенот на македонскиот непокор во своите срца.

Дојдете, чесни, заедно да ја одбраниме Македонија, нашата оставштина. Ако сте спречени да дојдете, побарајте ги вашите роднини и пријатели и замолете ги да ни се придружат во оваа пресудна битка за Македонија.

15-ти јули е денот кога треба секој од нас да се спротистави на предавствата и разнебитувањето кои ги прават СДС и нивното водство. Тоа е денот кога можеме и мораме да ја вратиме државата во рацете на народот. Народот македонски е ВМРО. ВМРО е Македонија. А Македонија е на македонскиот народ!

Сите заедно, рамо до рамо, рака под рака, како што знаеме ние Македонците, сплотени и обединети, на денот на изборите да гласаме и да заокружиме 14 за ВМРО, за МАКЕДОНИЈА! Да ја обновиме нашата родна татковина, да ги поништиме сите понижувања и да го вратиме нашето достоинство, идентитет и самоспознание. Да ја направиме Македонија пристојно место за живеење и да ја донесеме на едно ниво кое ќе значи нов почеток и нови можности за сите кои својата иднина и перспектива ја гледаат тука.

На апологетите на пасивноста, не им е местото при нас. А на предавниците и на однародените, должни сме да им го обезбедиме ним заслуженото. Да ги поставиме пред столбот на срамот и судот на честа. Денот за тоа е 15-ти Јули, а гарантот е ОбноваНаМакедонија“!-напиша Димовски

Коронавирус