понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Димовски: Целиот закон за попис е нелогичен, Пендаровски го потпиша како да е заверувач на документи во влада

Димовски: Целиот закон за попис е нелогичен, Пендаровски го потпиша како да е заверувач на документи во влада

Нема нелогичности, целиот закон е нелогиченост, заради тоа што ова не е закон за попис на населението во Република Македонија, ова е закон за утврдување на државјани на Република Македонија. Уште во самиот наслов на закон во првите неколку члена кога ќе читате по дефиниции што ќе се попишува, вели ќе се попишува државјани, изјави поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Димовски вели дека пред месец дена има излезено податок колку државјани има во Македонија, укажувајќи дека во секоја нормална држава се врши попис на населението кое живее во моментот во државата.

Ние имаме точна бројка на државјани обајвена пред месец дена и ние тој податок го имаме. Смислата на постоење на попис во сите нормални држави е да се утврди бројот на населението кое што живее во Македонија. Ние нема да дојдеме до таа бројка, затоа што овој закон вака како што е поставен воопшто не го бара тоа. Не го бара тоа затоа што политичката елита на власт се плаши од резултатите од пописот од апсект на големите миграции кои што се случуваа последните 30тина години и непредвидливоста на бројките од аспект на етничката застапеност на сите заедници во Републиак Македонија и можните реперкусии по начинот на тоа како Република Македонија функционира, додаде Димовски.

Димовски смета дека реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на пописот е оправдана бидејќи во парламентот не се прифатил ниту еден амандман на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека претседателот на државата Стево Пендаровски требало да повика некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги образложат амандманите, но како што рече тој одбрал да го потпише законот за попис по брза постапка како да е заверувач на документи во влада.

Активностите на опозицијата се реакција на акцијата на власта и не може после 4 години владеење на СДСМ за се да е криво ВМРО-ДПМНЕ. Околку прифафаќање или неприфаќање парламентот ниту еден единствен технички амандман не прифати од страна на опозицијата, рече тој.

Господинот Пендаровски не повика ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, да ги повика 5 души да повика да прати писмо до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, не ви прифатија амандмани дојдете образложете, дали да потпишам дали не. Си го потпиша по брза постапка како да е заверувач на документи во влада, додаде Димовски и праша кои се експертите кои го разгледувале законот.

Не слушнавме кои се правните експерти, тоа е нетранспаренто, нека каже со овие 10 се консутиравме и тие правни експерти да кажат да ние мислиме дека овој закон е добар, а тогаш сме чисти. А не сега по флоскулата се консултирав со пет правни експерти, кои се тие правни екперти, прашува Димовски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија