сабота, 4. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Димовски: Бугарија да му се извини на Македонскиот народ за сите страдања и угнетувањето кои и ги причинила во минатото

Димовски: Бугарија да му се извини на Македонскиот народ за сите страдања и угнетувањето кои и ги причинила во минатото

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски  преку својот Фејсбук статус пишува дека Бугарија треба да му се извини на Македонскиот народ за сите страдања и угнетувањето кои и ги причинила во минатото.

-Господине Борисов, историјата (барем од последните три века) е наука која се базира на факти и записи кои ги составиле луѓето кои живееле во тоа време. А тие факти, а и документи, ја кажуваат единствената вистина. Бугарија за време на втората светска војна била во коалицијата на фашистичките држави и била фашистички окупатор во Македонија. Од раката на тој окупатор истекла многу македонска крв и биле одземени илјади македонски животи. Тие факти неможе да се променат. Но, тоа што може да се промени е Бугарија да му се извини на Македонскиот народ за сите страдања и угнетувањето кое му го причинила во тој период. Ние, Македонците, сме добри христијани и верувам дека ќе простиме. Но, не не терајте да зборавиме.
Гоце Делчев, еден од великаните на Македонија, можете да го славите и опевате, нема никаков проблем, ама како Македонец кој својот живот го дал за слободна и независна Македонија.
Македонскиот јазик, култура, традиција и историја, припаѓаат на Македонскиот народ.
За да се помагаме како соседи, како пријателски народи, не треба многу. Потребно е да ја зборуваме вистината и да сме искрени и чесни едни кон други.
До тогаш, останете во добро здравје, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус