петок, 3. април 2020. Вести денес: 5
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Димовски: Барањата на народот се предвремени избори на кои ќе победи ВМРО ДПМНЕ

Димовски: Барањата на народот се предвремени избори на кои ќе победи ВМРО ДПМНЕ

Денеска денот го поминав со добри луѓе и честити домаќини во Македонска Каменица и селата Луковица и Моштица. Проблемите се секаде исти: сиромаштијата, иселувањето, празните полиња и ниви, неправдите, уништувањето на националното – македонското, и неспособноста на државната и локалната власт да направат нешто добро за тие места и за луѓето кои останале да живеат таму.

Барањата од тие луѓе, повторно се исти: предвремени избори на кои ќе победи ВМРО ДПМНЕ и формирање на влада со чесни и вредни луѓе, кои целосно ќе се посветат на #ОбноваНаМакедонија и ќе го вратат достоинствто на Македонците.

Да се обнови економијата, да се отворат работни места, да се изградат патишта, да се дава поддршка на вистинските земјоделци, да заживее правниот систем и конечно да има правда и правдина, криминалците да одговараат пред законот. Да се формира влада која ќе работи исклучиво во интерес на народот и државата. Влада која ќе го сопре иселувањето, а на иселените ќе им создаде услови да се вратат во Република Македонија, напиша на својот Фејсбук профил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски.

Коронавирус