понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Димовски: Апсурд е да во Судскиот Совет, претседателот и власта поставуваат стручни соработници кои не знаат колку судови има во Македонија

Димовски: Апсурд е да во Судскиот Совет, претседателот и власта поставуваат стручни соработници кои не знаат колку судови има во Македонија

Саше Димовски, новинар гостуваше во дебатната емисија „Што не е јасно“ каде што образложи дека за актуелната ситуација во правосудниот систем, доволно е да се видат последните избори за членови на Судскиот Совет.

За членови на Судскиот Совет на предлог на Претседателот на државата добивме два скандалозни предлози. Едниот е стручен соработник од министерство за правда во делот на меѓународна соработка, кадар на ДУИ. На кој што за жал г. Стево Пендаровски стави потпис, објасни Димовски.
Димовски додаде дека уште поскандалозен е вториот предлог, каде што стручна соработничка од Основниот суд Скопје 1 да е член на Судски Совет.

А, тоа е телото кое треба да ги оцени судиите од Основен до Врховен суд. Стручна соработничка па нека е најстручна на овој свет која не облекла тога, која не влегла во судница, која не донела ниедна пресуда треба да ги цени судиите во Основен, Апелационен и Врховен суд. Кажете ми во која бранша приправник условно треба да им биде шеф на примариуси, на доктори, на не знам што, на највисоките титули, истакна Димовски.

Димовски појасни дека најстрашно е што токму овој предлог доаѓа од Претседател на држава. Најголемото разочарување доаѓа токму од врвот на власта, затоа што претседателот не смогна сили да се издигне над политиката и да постави сериозно стручни кадри. Па макар и да се со докторски титули, како што во законот се вели истакнати правници во кои имаш професори, имаш адвокати, имаш научни работници.

Во вакво судство и третиот кандидат за член на Судскиот Совет кој не помина е стручен соработник од Апелациониот суд конкретен предлог на СДСМ. Значи СДСМ како гарнитура покажа дека нив не им е важно да донесат луѓе во Судскиот Совет, заклучи Димовски.

Димовски запраша кој ќе ги преиспита 57 постапки против судиите, кадрите на претседателот и СДСМ. Кои не знаат колку судови има во Македонија.

Тие кадри немале потреба да знаат колку судови во нашата држава има.

Не само што нема политичка волја туку и се злоупотребуваат позициите за да се награди некој. Не може во Судскиот Совет да имаме стручни соработници. Самиот наслов судски зборува за нешто за што е судско. Истото е и со Совет на обвинители. Па и таму нека стават во Советот на обвинители, стручен соработник па и таму соработниците нека ги оценуваат шефовите, рече Димовски.

Коронавирус