На денешната собраниска расправа се обрати и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков кој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија од секогаш се има залагано и вложувано за создавање на подобри услови во АРМ за модернизација.
Законот за класифицирани информации е шест пати менуван, дополнуван и усогласуван со потребите од областа. Меѓутоа и усогласуван со потребите на законите со кои имаат допирна точка. Нудите ново законско решение кое е делумно ги содржи и претходните делови од законот, влегува со нов момент со крипто заштита и дел се усогласува со европската регулатива. Се согласуваме со тоа со можност нели Македонија што подготвена да го дочека влезот во НАТО, појасни Димков.
Димков додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија во согласност со дефенираните стратешки цели за полноправно членство во НАТО и ЕУ години наназад активно и континуирано вложуваше , и е на браникот на да се вклучи во сите процеси за целокупниот спектар на реформи за создавање на подобри услови во АРМ за модернизација. Се со цел за остварување на заедничките вредности и интереси и учество во колективната одбрана на НАТО и ЕУ.