вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

Димков: Верувам во победа на Силјановска, а Пендаровски е жртвено јагне

Димков: Верувам во победа на Силјановска, а Пендаровски е жртвено јагне

Доколку сакаме во ЕУ треба да има кристално јасни избори, но на референдумот видовме што се случуваше и нас од тоа ни е страв дали, стравуваме дали овие избори ќе бидат демократски, дали власта може да организира демократски избори, рече Трајко Димков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Канал 5.

-Зошто после толку месеци нема никаков предмет за случувањата на референдумот, за нерегуларностите. Ние за тоа имаме сведоштва, како на пример во околината на Струга, рече Димков.

Говорејќи за изјавите на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека е следен од странски служби, Димков посочи дека „тоа е некоја случајна слика, не мислам дека некој го следи претседателскиот кандидат Пендаровски“.

Димков потсети какви беа ставовите на Пендаровски кој беше кандидат на СДСМ и во 2014 година.

– Да се потсетиме дека Пендаровски во претходната кампања го нарече народот стока. Нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова е голем интелектуалец, почитуван професор, и силно верувам во победа. Другиот кандидат пак кој е по втор пат кандидат, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски е жртвено јагне, рече Димков.

Според него кај власта во моментов владее страв, зошто како што рече „се што кажаа до сега се излажаа, единствено останаа на ставот дека ќе го сменат името и го сменија“.

-СДСМ и владата успеаја да го сменат само името, и тоа по втор пат го прават, посочи Димков.