понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Димков: Текстот на Предлог законот за извршување на санкции е најлош закон до сега кој го уредува извршувањето на санкции

Димков: Текстот на Предлог законот за извршување на санкции е најлош закон до сега кој го уредува извршувањето на санкции

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков на собраниска седница ги потенцираше своите забелешки околу новиот закон за извршување на санкции, при што рече дека имало работи кои го вознемириле, а тоа биле работи пред се во однос на критериумите и годините за вработување на лицата во казнено-поправните и воспитно-поправните установи.

-Текстот на Предлог законот за извршување на санкции според мене е најлош закон до сега кој го уредува извршувањето на санкции. Во воведот на предлогот законот како причина за негово донесување се наведува неопходноста од негово постојано наградување и усовршување, како и усогласување со меѓународни стандарди и најдобри практитки од областа. Во текстот на законот не само што не се врши усогласување со европските стандарди туку уште полошо се уназадува состојбата на делот на правата на осудените лица, укинување на државната комисија за надзор и слично, истакна Димков.

Тој посочи дека oд една страна во овој закон таксативно се набројуваат правата на осудените лица со коишто одредби очигледно се замајува во јавноста дека се штитат правата на осудените лица, а од друга страна се укинуваат досега загарантираните права на осудените лица.

-Самото укинување на вторестепеноста на постапката зборува за намерата на оваа власт која сака преку овој предлог закон директорот на управата за извршување на санкции да го направи автократ при одлучувањето. Исто така неместо да се воведе право на жалба на осудените лица до директорот на управата во овој случај негово регресирање внатре во установата и овие акти е конечен без право на жалба. Каква заштита на права на осудени лица оваа област обезбедува кога осудените лица нема да имаат право да се жалат на повисоки?, истакна Димков

Пратеникот Димков потсети дека во времето кога власта беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во историјата на Република Македонија била донесе Национална стратегија за развој на пенитенцијарниот систем за периодот 2015-2019 која ја усвои претходната влада на Република Mакедонија, и овој текст на закон ја девалвира оваа стратегија, а се работи за документ поддржан од Советот на Европа.

Коронавирус