вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

Димков: Според Службениот весник овој рефрендум не е успешен

Димков: Според Службениот весник овој рефрендум не е успешен

Меѓутоа компромисот кој го направивме со Грција, договорот со Грција, промена на знамето, промена на името не помогнаа. Грција не не одблокира. Напротив уште повеќе засилија нивните националистички напади. Мене тоа ме загрижува. Како понатаму и дали ќе се испочитува таа волја на граѓаните, се обрати Трајчо Димков на Комисијата за уставни промени.

Димков при своето излагање на комисијата прочита извадок од извадокот од Службениот весник од 8-ми октомври на страна 12, број 186 кој вели –„Согласно конечните резултати од гласањето на референдумот од 2018 година одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половина од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиот список“.

-Јас не знам зошто ние и понатаму денес разговараме на ова тема. Ние денес зборуваме за ова, значи за намера да се спроведе овој договор кој според мене не е договор. Не само според мене, туку според основа на она што е потпишано е спогодба, и е потпишано од лице што не треба да го потпише, потенцира Димков.