понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Димков: Собранието нема надлежност да суспендира граѓанска иницијатива

Димков: Собранието нема надлежност да суспендира граѓанска иницијатива

Трајче Димков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница на Собранието образложи дека на 22.01.2019 година овластениот предлагач Тодор Петров писмено ги известил Собранието дека предлогот од 24.12 кој е оценет за неуреден и работните тела на Собранието го повлекува и останува на предлогот од 09.01 кој е оценет за уреден. Предлогот за покренување на граѓанска иницијатива за собирање на 150.000 потписи за распишување на задолжителен референдум го утврдивме како 29 точка од дневен ред на оваа седница што нема потреба.

Останува дилемата зошто вие господине Џафери предлогот од овластениот предлагач Тодор Петров доставен на 09.01 и оценет за уреден од работните тела на Собранието на седницата одржана на 14. 01 го оставивте на дневен ред на седницата на Собранието? Сакам да напоменам дека Собранието не одлучува дали ќе прифати или отфрли предлог со покренување на граѓанска иницијатива за распишување на задолжителен референдум, нагласи Димков.

Димков појасни дека дали ќе бидат собрани 150.000 потписи или не, е обврска на овластениот предлагач. Таа обврска не е наша, не е на Собранието. Собранието само утврдува дали предлогот за покренување на граѓанска иницијатива е уреден или неуреден. Собранието нема надлежност да суспендира граѓанска иницијатива, независно од прашањето кое се иницира со референдумот по предлог на 150.000 избирачи, ниту референдумското прашање е право на Собранието. Референдумското прашање го утврдуваат овластените предлагачи.

Коронавирус