сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Димков: Ситуацијата во Преспа е алармантна, а земјоделците се при крај со своето трпение

Димков: Ситуацијата во Преспа е алармантна, а земјоделците се при крај со своето трпение

На денешната собраниска расправа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков упати прашања поврзани со земјоделството и сточарството. Тој рече дека земјоделците и сточарите се жртвуваат себе си, за народот да добие храна и како влада ВМРО-ДПМНЕ од 2006 ги зголемуваше субвенциите за нив, а од оваа влада на СДСМ тие се многу се разочарани.

Имено тој потсети дека во предизборието СДСМ многу ветуваше за земјоделците во Ресен и Преспа и во цела Македонија.

-Ситуација во Преспа е алармантна, а земјоделците се при крај со своето трпение. Дали знаете дека во Преспа оваа година има производство од 150 илјади тони конзум на јаболко и 100 илјади тони индустриска јаболка, а се извезени околу 25 илјади тони конзум на јаболко, кажа пратеникот Димков.

Тој истакна дека покрај лошата откупна цена која во моментот изнесува пет, шест и седум денари за еден килограм, всушност не ги покрива производствените трошоци на производителите на јаболко, и ги доведува овоштарите во ризик и воопшто да не го продадат родот.

Пратеникот Димков додаде дека призводителите се изложени на дополнителен трошок да плаќаат работна рака за изнесување на складираното производство од нивните магацини и неговото продавање како индустриско јаболко по понижувачка функција од еден денар по килограм.

-Како најлоша варијанта не треба да се изостави и фрлање на родот по дивите депонии, вели Димков.

Тој упати прашање каде ќе одат јаболката- во Охридското Езеро или во нациoналните паркови Пелистер и Галичица?

Димков потсети дека на граѓаните им се ветуваше отварање на нови пазри, но и тие кои ги имавме денeска секнаа.

Коронавирус