понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 82
home Вести

Димков: Реконструкцијата е само признание за лошото работење на владата на СДСМ

Димков: Реконструкцијата е само признание за лошото работење на владата на СДСМ

Оваа реконструкција на владата е доказ и само признавање за лошото работење на владата на СДСМ. Но, што е уште полошо е тоа што разрешувањето и оставките на министрите реално не ги опфати министерствата каде што има реално голем број на проблеми, тоа е министерството за надворешни работи и Никола Димитров, клучниот човек кој преговара и ја претставува Македонија надвор. Меѓутоа гледаме дека денеска немаме датум за почеток на преговорите, а тој е директен министер и нема понесено никаква одговорност, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков од денешната собраниска говорница.

Тој додаде дека и министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски требало да бидат разрешени од овие позиции.

Димков нагласи дека е неприфатливо министерството за култура да го води човек со Медицински факултет.

Неприфатливо е министерството за култура да го води лице со Медицински факултет искрено да ви кажам, вели пратеникот Димков.

Според него иако оваа влада се најавувала како реформска влада, немало ништо направено за спроведување на вистински реформите и не само што нема напредок на државата, напротив има големо уназадување на секое поле и поради тоа Република Македонија не добила датум за почеток на преговорите со Европската Унија.