среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Вести

Димков: Овој ребаланс ја покажува неспособноста на СДСМ, освен што го менуваат името ништо друго не сработија

Димков: Овој ребаланс ја покажува неспособноста на СДСМ, освен што го менуваат името ништо друго не сработија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков на денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот посочи дека овој ребаланс ја покажува неспособноста на оваа влада, затоа што СДСМ освен што го менува името на државата ништо друго не направи.

Димков потсети дека министерот Драган Тевдовски на македонската јавност и ветуваше повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подобрување на животниот стандард, повисоко ниво на социјална правда, но досега ништо од тоа не остварено.

– Немаме повисока стапка на економски раст, немаме подобар животен стандард, имаме селективна правда. Освен што го менувате името, оваа влада ништо не направи, а тоа не го ветувавте за време на предизборната програма, истакна Димков.

Тој потенцираше дека иако СДСМ ветуваа парите на граѓаните ќе се трошат на мерки за подобрување на економијата и животот на граѓаните на не на расипништво и непродуктивни проекти, сега сме сведоци дека во делот на непродуктивни проекти владата купи за милион ипол евра лубриканти, имаме набавка за бадеми и фстаци, на доручек министри одат со хеликоптер, си купуваат морски плодови, а преку инвестицискиот фонд си поделија пари меѓу нив.

Тој нагласи дека за мали држави и економи како нашата држава важен услов за економски развој е висока реализација на капитални инвестиции, но оваа влада е толку неспособна што за 2018 има реализирано само 23% од капиталните инвестиции кои самата ги проектираше и тоа значи дека во економијата нема развој, а државата ќе ја заврши годината со БДП понизок од 2 проценти

Коронавирус