вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

Димков: Овој процес денес во Собранието не е легитимен затоа што народот јасно кажа дека не ја прифаќа спогодбата

Димков: Овој процес денес во Собранието не е легитимен затоа што народот јасно кажа дека не ја прифаќа спогодбата

Македонскиот народ многу јасно кажа дека не ја прифаќа спогодбата и целиот овој процес денес во Собранието на Република Македонија не е легитимен, изјави на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков.

Тој потенцираше дека спогодбата со Грција не е излезена во Службен весник, а народот со референдумот не и даде легитимитет.

Затоа додаде дека како исход на референдумот ДИК објави во Службен весник дека одлуката не усвоена бидејќи не гласаа повеќе од половината гласачи запишани во избирачкиот список.

– Кои сме ние пратениците, без народот, дали ќе сме овде ако не не изгласаше народот дали имаме право да ја решаваме судбината на 2,4 милиони македонски државјани без нивна дозвола.? Кои сме ние пратениците да не ја почитуваме волјата на народот, ние сме ништо без него и немаме право да ја менуваме неговата волја?, вели Димков.

Димков потсети дека целиот процес за промена на името го водеше СДСМ без национален консензус, а спогодбата не ја прифаќа ни претседателот на Република Македонија. Тој нагласи дека народот не ја прифаќа спогодбата затоа што ако се изгласаат овие уставни измени кои произлегуваат од договорот ние ќе имаме нова држава со нов идентитет.