сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Димков: Дали идејата на власта е да ја снема ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија?

Димков: Дали идејата на власта е да ја снема ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања каде на дневен ред е одземање на имунитетот на Трајко Велјаноски посочи дека веќе на 20% од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ им е одземен имунитет и пратениците се прашуваат кој е следен.

Тој запраша до каде ќе оди оваа работа на власта и дали со десеткувањето на пратениците идејата на власта е да не постои политичката партија повеќе.

За Трајко Велјаноски вели дека е респектиран и професионално си ги вршел работите и дека обвинението за тероризам не е вистина, претерано и побара на внимателност при гласањето.

– Ние не сме судот кој треба да пресуди. Во овој момент се работи за одземање на имунитет на пратеник, ние немаме право да судиме без да се дадат конечни докази дали е виновен или не, истакна Димков.

Коронавирус