четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 119
home Вести

Димитровски: Однесувањето на Талат Џафери е класичен пример за однесување во заробена држава

Димитровски: Однесувањето на Талат Џафери е класичен пример за однесување во заробена држава

Новинарот Предраг Димитровски во своето гостување во отвореното студио на телевизија Алфа, истакна дека однесувањето на спикерот на Собранието, Талат Џафери е класичен пример дека Македонија е заробена држава.  

Имено Џафери со усмена наредба забранил собраниските служби да го достават материјалот за седницата на комисијата за надворешна политика на која министерот за надворешни работи Никола Димитров требаше да даде отчет за преговорите за името.

Коментирајќи на оваа тема, Димитровски забележа дека денешното однесува на Џафери е уште еден удар кон државата и пример за нетранспарентноста при носењето на договорот за името.

За трагедијата околу последните настани во Собранието да биде уште поголема, членовите на комисијата имаат безбедносен сертификат за пристап до тајни документи, а и покрај тоа спикерот забранил пратениците да ги добијат документите поврзани со името. Ваквата одлука на Џафери е спротивна на деловникот на Собранието и законите, а со ова тој дополнително отвора дилема што е толку страшно во класифицираните документи кои не им се даваат на пратениците. 

Димитровски за договорот со Грција вели дека е апсурден и дека во него нема никакви обврски за грчката страна. Во случајот, потенцира Димитровски, Грција е само надгледувач дали Македонија ги спроведува одредбите од договорот, ако веќе е таква состојбата тој вели иронично, нека дојде нивната влада тука нека го спроведе, така ќе биде полесно.

Коронавирус