На емисијата „Отворено“ вечерва на 24 Телевизија новинарот и главен уредник на „Фокус“ Зоран Димитровски, истакна дека гледа една кампања на лажни вести против Христијан Мицкоски од страна на власта.
-Она што гледам во јавноста што се случува гледам една кампања на лажни вести против Мицкоски, дека во Будимпешта во некаков стан добил милион и шесто илјади евра руски, дека го следат, тие знаат дека тој ќе се гледа со рускиот амбасадор, па камери го следат, па новинари му трчаат па го прашуваат, па што сега вие барате, вели Димитровски.
Тој исто така вели дека е нелогично руски амбасадор, да не може да има средба со политичари затоа што Заев исто така се гледа со рускиот амбасадор.
-Како што знам дека македонската влада колку што имам информации наскоро ќе треба со економските министри од руската влада да направат и заедничка седница, во тек се договорите, вели Димитровски.
Тој посочи дека се обидуваат да ја залепат руската етикета на другата страна за да биде тоа трендовски, дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што ќе ве врати назад во некое мрачно минато, во некое „путиновска енклава“ да стане Македонија, а владата е таа која што ќе одела напред кон Европската унија.
-Мислам дека тоа е елитистичка кампања не е популистичка, затоа што би била популистичка ако мнозинството Македонци или мнозинството граѓани се навистина антируски расположени.
Да се лепи некому руската етикета мисли дека не е многу популарно, затоа што е котрапродуктивно, односно оние гласачи коишто се радикални во партијата секако ќе му ја дадат довербата на Мицкоски, вели Димитровски.