среда, 21. април 2021. Вести денес: 137
home Вести

Димитровски: Бучковски обелодени дека зад образовниот концепт на Царовска стои промената на учебниците, тоа е веќе договорено

Димитровски: Бучковски обелодени дека зад образовниот концепт на Царовска стои промената на учебниците, тоа е веќе договорено

Во денешното издание на „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, гостуваше новинарот Предраг Димитровски, кој во врска со договорот со Бугарија истакна дека специјалниот претставник за преговорите со Бугарија Владо Бучковски ја обелоденил вистината дека зад образовниот концепт на Царовска стои промена на учебниците, по што веќе тоа е договорено, прашањето е сега во суштината на промените.

-Од специјалниот претставник со Бугарија професорот Бучковски стигна една чудна порака во која на извесен начин не подготвува за нешто кое треба го очекуваме, или како што тој вели на прв поглед можеби ќе изгледаат како преголеми отстапки, но е убеден дека ќе има добра основа за компромис, а што ќе бидат тие преголеми отстапки за мене е невкусно затоа што му доаѓа како подготвување на терен кој најблаго речено никој не е подготвен да го слушне, а се подготвува зад завесата, истакна Димитровски.

Тој посочи дека она што паѓа во очи е новокомпонираното бугарско-албанско братство, значи рекомпонирање на македонизмот или псоред зборовите на Бујар Османи расчистување на остатоците од минатото.

-Зад завесите се случуваат крупни работи – вели Димитровски.

Тој објасни дека зад неработењето на заедничката историска комисија се оправдуваа дека е заради парламентарните избори, како и дека тоа траело до контроверзното интервју на Заев за БГНЕС, иако потоа релативизирал, но тоа било наменето за бугарска употреба. -Што значи дека тој свесно ја манипулирал бугарската јавност, потоа се повлече од одредени изјави, но кога станува збор за Заев не се знае кога збори вистина, кога не – објасни Димитровски.

-Бучковски ја откри вистината на целиот концепт на промена на учебниците каде во заднина стои договорот со Бугарија, сите обиди на министерката Царовска за оградување на образовниот концепт од договорот со Бугарија паѓаат во вода, па бугарските претставници рекоа кога можат да се менуваат учебниците за албанците, можат и за Бугарија, појасни Димитровски.

Тој исто така обелодени дека прашањето не е дали ќе се променат или не учебниците, тоа е веќе договорено, туку во суштината на промените во учебниците и од тоа што до сега може да се забележи според Бучковски треба да бидат сменети според „европски вредности“, е сега по тоа не знаеме што е европска вредност.

Коронавирус