понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Димитровска до Царовска: Дали доликува на министер да бега од дебата на лица со попреченост?

Димитровска до Царовска: Дали доликува на министер да бега од дебата на лица со попреченост?

Претставничката на здружението „Хендикеп плус“ на денешната јавна расправа за законот за социјална заштита ја праша министерката Мила Царовска кога ќе почне да има дебати со лицата со хендикеп и да ги слушне нивните реални проблеми.

– Кога ќе почнете да имате дебати со лицата со хендикеп и да ги слушнете реално проблемите? Избегавте од ТВ дебата со мене, дали доликува на еден министер да бега од дебата со лице со хендикеп? , вели Димитровска.

Таа посочи дека било побарано износот на надоместокот поради попреченост од 7.100 денари да биде на најниска загарантирана нето плата, но биле одбиени со изговор дека државата нема пари и додава дека кога може државата да има пари за луксузи може да има и за лицата со хендикеп. Бидејќи за разлика од другите тие имаат многу повеќе трошоци а покачувањето од само 140 денари е срамота.

– Мислите ли дека 7.000 денари е висок европски стандард за лице со хендикеп, а неземјаќи го фактот дека не сме ослободени од партиципација? Неземјаќи го фактот дека не сме ослободени од лекарства? Неземајќи го фактот дека не сме ослободени од бањско лекување и секаде плаќаме? , прашува Димитровска.

Таа исто така нагласи дека владата лаже дека персоналните асистенти на лицата со попреченост биле вработени, затоа што нејзиниот персонален асистент е задолжен секој месец да се јавува како активен барател за работа

– Вие рековте за персоналните асистенти вработуваме. Еве го картончето од мојот персонален асистент кој што е обврзан секој месец да се пријавува во бирото за вработување, како активен барател. Лажете и еве доказ, потенцираше Димитровска.