петок, 17. септември 2021. Вести денес: 38
home Вести

Димитров во работна посета на Стразбур

Димитров во работна посета на Стразбур

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Стразбур, Франција.

Во рамки на посетата, како што соопшти МНР, Димитров во Европскиот парламент ќе оствари средби со шефови на пратеничките групи во Парламентот, меѓу кои се претседателот на АЛДЕ – Ханс ван Бален, претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) – Дејвид МекАлистер кој доаѓа од Европската Народна Партија, како и со неговиот сопартиец Андреј Ковачев.

Во фокус на разговорите ќе бидат натамошните фази од евроинтегративниот процес на Република Македонија, по заклучоците на Европскиот совет минатата недела.

Коронавирус