среда, 2. декември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Димитров: Во францускиот нон-пејпер има добри идеи, но ќе бидат тешки за спроведување

Димитров: Во францускиот нон-пејпер има добри идеи, но ќе бидат тешки за спроведување

Во францускиот нон-пејпер има добри идеи, но и такви кои нема да бидат лесни за спроведување е ставот на владата за документот со кој Франција предложи промена на методологијат на пристапување во ЕУ. Шефот на дипломатијата Никола Димитров информираше дека ставот бил изграде по опсежни консултации.

„Имавме средба за тоа со сите надлежни ресоси во владата, разговаравме и со многу од експертите. Имаме став. Има таму идеи што се добри, има таму идеи кои нема да бидат лесно спроведливи. Важно е што крајот на процесот е полноправно членство. Важно е што кога се презентира нон-пејперот идеата е да се забрза процесот“, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи.

За Димитров важно што побрзо да се создаде консензус меѓу земјите-членки за процесот на пристапување да се отвори и да овозможи реформски натпревар меѓу земјите. Неговата клучна порака е оти е потребна, итно и без одлагање, одлука за почеток на преговори.

За експертот за Западниот Балкан, Флоријан Бибер, француската идеја иако е проблематична, документот сепак содржи добри моменти. Една таква е секторска интеграција, бидејќи може да им овоможи на државите да имаат бенефит пред самото членство. Според него фазите во документот се добри, се додека водат кон полноправно членство и се поврзани со финансиски награди за направените чекори.

„Има некои добри идеи таму, доволно сериозни да се разговара за тоа, но не го адресира прашањето за заробената држава и владеењето на правото, што се уште е проблем во многу од земјите. Нема стратегија за тоа. Тоа е основна појдовна точка за дискусија. Сметам дека ако сакаме да го третираме проширувањето сериозно мора да го прифатиме францускиот документ како една позиција, но секако нема да биде прифатен таков каков што е. Има многу други гледишта во ЕУ кои имаат многу различна перспектива. Во тој контекст, тоа е појдовна точка, но нема да биде краен резултат“, смета Флоријан Бибер, Студии за ЈИЕ при Универзитет во Грац.

Според него друг проблем е што секоја членка има многу овластувања да го блокира процесот и според него таквата можност би требало да се намали.

Крајот на јануари за испорачување на нова методологија од Европската комисија, според Бибер, е нереален рок и ставот му е дека треба да биде побитна содржината отколку роковите за тоа. За него важно е тоа што за многу членки новата методологија е единствено прифатлива доколку вклучува датум за преговори, особено за змејава.

Добивање датум за време на хрватското претседавање со Унијата е реално и возможно, но дали ќе биде постигнато, вели Бибер, ќе зависи многу од динамиката, во регионот, во самата ЕУ, особено од динамиката меѓу Германија и Франција.

Коронавирус