четврток, 16. август 2018. Вести денес: 117
home Вести

Димитров во Берлин на средба со Мас

Димитров во Берлин на средба со Мас

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров престојува во работна посета на Сојузна Република Германија.

Димитров во Берлин ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас, кој ја презеде должноста во март годинава.

За време на посетата, Димитров ќе се сретне и со Јан Хекер, советникот за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел,  а ќе го посети и германскиот Бундестаг, при што ќе има обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања, соопшти македонското МНР.