сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 11
home Вести

Димитров: Тоа што Гоце Делчев е Бугарин не го одзема правото Македонија да го слави како свој херој

Димитров: Тоа што Гоце Делчев е Бугарин не го одзема правото Македонија да го слави како свој херој

Тоа што Гоце Делчев е Бугарин, дека е дел од нашата емоционална приврзаност кон борбите во Македонија, на некогашните националноослободителни борби, не го одзема правото на Република Македонија да го почитува и како свој херој. Ова не е преземање на личноста на Гоце Делчев, вели, професор Ангел Димитров, за бТВ.

Членот на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските и образовни прашања рече дека следна средба ќе има на 19 и 20 февруари, на која ќе се обрне внимание на „заедничкото одбележување и прослава на личности и настани од нашата заедничка историја, кои да бидат навистина обединувачки“. На оваа средба, вели тој, ќе се види дали посетата на Зоран Заев во Софија е навистина политички знак на благодарност кон Бугарија и обид за соработка и зближување.

За претходната средба и околу постигнатиот договор за Самоил тој вели:

За цар Самуил со македонските колеги дојдовме до заклучок дека тој е претставник на бугарската владетелски традиција, но најголемиот проблем за колегите беше да признаат дека држава била бугарска. Тие многу сакаа да биде една имагинерна држава во која живеат многу народности, па да не се става национален знак. Ова е само обид да се разбие признавањето на историските факти, но тоа нее успеа, истакна професор Димитров.

За потпишаниот договор меѓу Грција и Македонија, професорот коментира дека кај нас проблемот е што има фундаментално разминување во интерпретацијата на минатото, додека за Грција историчарите во Македонија лесно можат да се откажат од некои непрофесионални претензии кон антиката.