сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 104
home Вести

Димитров се пофали дека „не биле совршени и дека испорачале“, народот согласен со министерот

Димитров се пофали дека „не биле совршени и дека испорачале“, народот согласен со министерот

Дали Фројдовиот комплекс проработе и кај министерот за надворешни работи, Никола Димитров, познат меѓу народот како потписникот на т.н. Преспанска капитулација?

Во последниот пост на Фејсбук, Димитров онака фројдовски си призна дека не биле совршени и дека испорачале. Еве што тој интегрално и „соопшти’ на јавноста:

„За да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на Регионот, неопходно е постигнување на консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со С. Македонија без одлагање, порача првиот дипломат на земјава Никола Димитров.

Март ќе биде тест и за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ за кредибилно глобално влијание. Што се однесува до нас, не сме совршени, но сметам дека сите ќе се согласите дека изградивме силно досие и испорачавме.

Крајно време е и да се препознае важноста на моментот од страна на Европскиот совет и да се зграпчи шансата за заеднички успех. На Конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан, денес во Солун,“ порача министерот за надворешни.

Граѓаните и македонскиот народ се целосно согласни дека Димитров и владата на Заев испорачаа (многу национални светии за бадијала – име, устав, преамбула, двојазичност и др.) и дека дефинитивно не се совршени. Проблемот е само во зборовите  „изградивме силно досие“…

Коронавирус