четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 96
home Вести

Димитров – Папандреу: Министерот не кажа дали му се пожалил за таблата во Труд и социјала

Димитров – Папандреу: Министерот не кажа дали му се пожалил за таблата во Труд и социјала

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретна со поранешниот грчки премиер и актуелен претседател на Социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу. Во соопштението од кабинетот на Димитров се вели дека било потенцирано наводното историско значење на Договорот од Преспа со кој се потврдувале заложбите за градење добрососедство, инклузивна соработка и конструктивни меѓусебни односи.

Кабинетот, сепак, не соопштува, дали на денешната средба во Скопје министерот му се пожалил и на Папандеу за таблата со Република Македонија во министерството за труд и социјална политика на Рашела Мизрахи. Можеби и затоа, толкуваат познавачите Димитров постојано на средбата, во повеќе наврати ја користел придавката на државата која и онака често ја користи, а не случајно се споменува и во соопштението од неговиот кабинет.

-Република С. Макеоднија е вистински посветена на конструктивен дијалог со грчката влада во градењето меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во кој граѓаните на двете држави би сакале да живеат. Договорот има значително позитивно влијание врз билатералните и регионалните случувања во однос на зголемена економија, стабилност и просперитет. Неговото понатамошно спроведување се смета за голем чекор во нормализацијата на билатералните односи што ќе им овозможи на двете држави да го искористат целиот потенцијал на политичката и економската соработка, рече Димитров на средбата.

Инаку, посетата на Папандреу на Македонија е во рамките на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, со цел поддршка и зајакнување на евроинтегративниот процес на земјите од регионот.

Коронавирус