среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Димитров на Македонците во Канада им побарал донација за Северна, му одговориле дека не чуле за таква земја

Димитров на Македонците во Канада им побарал донација за Северна, му одговориле дека не чуле за таква земја

Министерот за надворешни работи, потписник на преспанскиот договор и носител на листа на СДСМ, Никола Димитров, на Македонците во Канада им побарал донација за Северна Македонија и справување со коронакризата, а тие едноставно му одговориле дека не чуле за таква земја, посочуваат нашите иселеници за Курир. Воедно, се чудат како воопшто некој може да побара било што од Македонец, а притоа да го користи измисленото и наметнато насила име, велат нашинците.

Инаку,тие во своите комуни се општествено одговорна заедница. Само за пример, македонското друштво „Илинден“ од Онтарио, Канада, чиј претседател е Андриа Шуковски, досега има доделено повеќе десетици илјади долари на канадски асоцијации за борба со коронавирусот. Велат, со задоволство би го сториле истото и за Македонија, кога не би им барале средства користејќи ја придавката која тие никогаш нема да ја прифатат.

Еве само дел од многуте донации на „Илинден“ за борба со Ковид-19 во Канада и светот.

Коронавирус