среда, 24. октомври 2018. Вести денес: 0
home Вести

Димитров ќе го потпише договорот за промена на името

Димитров ќе го потпише договорот за промена на името

Министрите за надворешни работи на двете страни ќе треба да го потпишат договорот меѓу Македонија и Грција за името, стои во целосниот договор кој вечерва го објави Катимерини, пренесува Фокус.

Во членот 7 од Договорот стои дека: Сфаќањата на двете страни за термините „Македонија“ и „македонски“ се однесуваат на различен историски контекст и културно наследство.

Според Договорот, кога Грција ги користи овие термини тие не се однесуваат само на делот на Македонија кој е во нејзината територија, туку и на Хеленистичката цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката па до денес.

Кога пак, македонската страна ги користи овие термини, тие се однесуваат само на нашата денешна територија, јазик, луѓе, со нивна сопствена историја, култура и наследство, кое се разликува од она во претходниот член.