петок, 20. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Димитров: Безобразно е што владата ја извртува вистината што нашите отстапки, Ковачевски ги прикажува за отстапки на Бугарија

Димитров: Безобразно е што владата ја извртува вистината што нашите отстапки, Ковачевски ги прикажува за отстапки на Бугарија

Обидот на Владата е дрско потценување на македонската јавност. Бугарија од нас побара да испратиме нота, и ние испративме, без ништо за возврат, тоа е еднострана отстапка, изјави во своето вчерашно гостување на „Топ тема“ на телевизија Телма поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.

-Ќе беше почесно да кажат дека досегашната наша тактика беше погрешна, ние сакаме да пробаме вака, ќе направиме една отстапка, ќе покажеме добра волја, тоа ќе беше почесен однос кон граѓаните. Ама тоа да се сврти како Бугарија да направила отстапка е несериозно и безобрзно, потенцираше Димитров.

Најнови вести

Коронавирус