сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 79
home Вести

Димитров: Амбасадите немаат доволно капацитет да се справат со враќањето на граѓаните заглавени во странство

Димитров: Амбасадите немаат доволно капацитет да се справат со враќањето на граѓаните заглавени во странство

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во вечерашното гостување во „Емисијата 200“ која се емитува на Алсат-М, запрашан за тоа дали државата односно амбасадите имаат капацитет за да се справат со настанатата состојба за враќање на македонските граѓани во земјата, одговори:

„Амбасадите се под притисок ние немаме многу персонал. Имаме преставништва со двајца вработени, со тројца вработени и тоа се луѓе кои не се обучени да ја работаат работата која што вообичаено ја работат туристичките агенции. Работаат повеќе од 8 часа, има многу паралелни повици па кога се зборува на едната линија другата дава зафатена. Луѓето даваат се од себе за да излезат во пресрет. Ќе има и грешки, ќе има и превиди, меѓутоа тоа што е важно е да дадеме се од себе да продолжиме и да им помогнеме на сите граѓани на кои им треба помош“, рече Димитров.

Коронавирус