сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 11
home Вести

Димитроска- Кочоска: Во новиот извештај на ММФ се нотира корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивни трошоци на СДСМ

Димитроска- Кочоска: Во новиот извештај на ММФ се нотира корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивни трошоци на СДСМ

Владата на СДСМ се труди последниве години да не убеди дека економијата расте, а граѓаните живеат поубаво, ова денеска преку прес-конференција го истакна дополнителниот министер за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска.

-Сите ја знаеме онаа народната „на лагата кратки и се нозете“. И додека не убедува оваа корумпирана власт дека работите одат на подобро излезе извештајот на меѓународниот монетарен фонт за Македонија. Таму пишува уште еден неуспех, уште еден нотиран лош извештај, ММФ има извештај во кој како главни проблеми се корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивните трошоци. ММФ ја ревидира проекцијата за раст на економијата која е пониска од таа на владата и за жал ММФ нема многу пофални зборови во оние делови кои на долг рок треба да донесат раст и развој на економијата. ММФ потенцира дека институционалните реформи како зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата се основата за посилен раст и подобра конвергенција на приходите на жителите, вели Димитриоска- Кочоска.

Таа додава дека благодарение на власта корупцијата во државата цвета, а владеењето на правото е поим кој секој ден ни станува се подалечен.

-ММФ нотира дека фискалната политика треба подобро да се води и да се ориентира кон јавните инвестиции во физички и човечки капитал, да се подобри ефикасноста на институциите и владата. Во извештајот пишува дека капиталните инвестиции се ниски, а тековните трошоци зголемени. Дали има поголем доказ дека оваа ненародна власт прави непродуктивни трошења, вели Димитриоска- Кочоска.

Таа на новинарско прашање околу новото задолжување на Македонија во висина од 25 милиони евра вели дека прво на 14 јануари имале нето задолжување од  500 милиони денари, а денеска уште една милијарда и петстотини милиони денари.

-Со ова задолжување непродуктивните, ова истото можеме да го поткрепиме и со податокот од реализацијата на буџетот за 2019 година каде што јасно можете да видите дека за трошокот на стоки и услуги е зголемен во однос на 2018 година за 30 милиони евра. Што јасно укажува дека власта и понатаму непродуктивно троши и се задолжува за непродуктивно трошење, рече Димитроска- Кочоска.

Коронавирус