четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Димитриевски: Законот за попис ваков каков што е, не нуди доволна транспарентност за да застанеме зад неговото донесување

Димитриевски: Законот за попис ваков каков што е, не нуди доволна транспарентност за да застанеме зад неговото донесување

Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Димитриевски на дебата на Телевизија 24 со директорот на ДЗС истакна дека не само што самиот закон за попис е носен на еден начин на кој ја нема методологијата во законот, во неа бараат да се прецизираат одредени работи, како и начинот на кој што тој се носи со европското знаменце.

-Не се согласуваме за лицата кои што во моментот на пописот нема да се најдат на лице место, податоци ќе даде личност која ќе го каже матичниот број, односно личност која што најдобро ги познава податоците, вели Димитриевски.

Меѓутоа не е дефинирано кое е тоа лице кое што ќе ги даде податоците, од ВМРО-ДПМНЕ бараат истото да се дефинира, не е дефинирано за колку лица ќе даде податоци, кои се тие лица, кои се тие документи со кои што ќе се докаже дека тие податоци се валидни, вели членот на Извршниот комитет Драги Димитриевски.

-Самиот начин на кој што се носи законот односно се изготвил во собранието, со европско знаменце смета дека не нуди транспарентност со која што ќе може сите да застанеме зад неговото донесување ваков каков што е, вели професорот.

Тој смета дека не треба да се доведеме во ситуација во која што резултатите при спроведен попис како во минатото би биле дискутабилни од одредени групи и етнички заедници.

-За лицата кои ќе се попишуваат електронски преку апликација односно не резиденти, нам ни е важно тоа прашање и значајно и останува истото да го дебатираме на наредни состаноци, истакна професорот.

Коронавирус