понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Димитриевски со поплака: Владата нé остави сами на себе

Димитриевски со поплака: Владата нé остави сами на себе

Се чувствувам како да сме оставени сами на себе, едно е она што се случува горе во кабинетите, друго е на терен, порача градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во своето гостување на Топ Тема на ТВ Телма каде соопшти дека починале уште двајца кумановци од коронавирус.

Тој вели дека за Куманово треба да се донесат уште порестриктивни мерки и забележува дека многу се калкулира со економијата.

-Ние треба да обезбедиме непречено да работат производствените капацитети во рамки на потребите, да ја сведеме продажбата на храна и најнеопходни производи како што тоа го направивме викендов. Секој човечки живот е побитен од економијата, економијата се оживува, но човечкиот жвот не се оживува. Апелираме на поголем број на тестови. Ние повикавме претставници од министерството за здравство и од комисијата да ја посетат болницата и да ги проценат капацитетите, втор ден немаме одговор. Искрено да ви кажам се чувствувам дека сме оставени на сопствените ресурси на локално ниво. Неминовна е поголема поддршка, треба да се користат искуствата од терен, да се превенираат работите. Со денови бараме поголем број на тестирања, поголема ажурност на анкетарите. Куманово со два епидемиолога не може да се справи со една ваква пандемија, порача Димитриевски.

Извор: ФОКУС

Коронавирус