четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 195
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба

home Вести

Димитриевски: Ректорот на скопскиот универзитет покажа слабо менаџирање во ситуација со коронавирусот

Димитриевски: Ректорот на скопскиот универзитет покажа слабо менаџирање во ситуација со коронавирусот

Изборите за ректор на Универзитетот на Свети Кирил и Методиј предизвикаа голем интерес и наместо да бидат свечен чин затоа што за прв пат ова се непосредни избори и секој од академската заедница на Универзитетот Свети Кирил и Методиј ќе може да се произнесе за кандидатот за ректор. Но, за жал постапката се води во контроверзни услови, легалноста се доведува во прашање, се случува во ситуација кога во државата има вонредни услови, рече професорот Драги Димитриевски на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

-И наместо да се даде шанса сите да размислат и да се одлучат за најдобриот кандидат, се случува нефер натпревар, рече професорот Димитриевски говорејќи за кратењето на сите рокови од страна на актуелниот ректор, Никола Јанукуловски.

За несоодветното менаџирање со Универзитетот, рече Димитриевски, говори и фактот што оваа институција потона на светските ранг листи.

-Ова сега што се случува е сомнително, имаме сомнителни постапки за избор на ректор ќе стави дамка на новиот ректор, дури и ако има реизбор на актуелниот ректор исто како и за некој друг ако избран. На овој Универзитет не може да се прават вакви постапки, вели Димитриевски.

Според него наместо на овие први непосредни избори да им се даде свечен чин од старт им се фрла дамка.

-Кандидатите треба да ја претстават својата визија за водење на овој Универзитет. А ова што се прави сега не е достојно на името. Ова треба да биде Универзитет на кој ќе се почитува и негува критилката мисла, а не ова што се случува сега, рече професорот.

Во контекст на актуелната ситуација професорот посочи дека и покрај ситуацијата со корона вирусот Универзитетот требаше да следи што прават овие институци во регионот.

-Требаше професорите и академската зедница да имаат проактивна улога. Требаше да се организираат студентите да одат во многу мали групи и да се изведува наставата посебно каде што вежбите се многу важни. Тоа треба да го организира ректорот, а сега секој сам се снаоѓаше, рече Димитриевски.

Парламентарни избори 2020