среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 194
home Вести

Димитриевски ја призна неспособноста на СДСМ, нивниот бастион Куманово од вкупно 46 села до ден денес 43 немаат вода

Димитриевски ја призна неспособноста на СДСМ, нивниот бастион Куманово од вкупно 46 села до ден денес 43 немаат вода

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва при своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ посочи дека тој не е виновен како градоначалник што Куманово прослави минатата година 500 години од постоење, но во 46 села вкупно 43 немаат вода во 21 век.

„Куманово минатата година прослави пет века од своето постоење, има 46 села, а 43 замислете во 21 век нема вода. Тоа е континуирано неработење во делот на развојот на една општина. Ние имаме сериозен проблем во делот на имплементацијата на власта, ако влезеш во политиката како политичар и ќе си излезеш како политичар. Државата т.е. граѓаните тогаш ќе ти кажат дали си бил добар или не, времето тоа ќе го покаже“, истакна Димитриевски.

А, навраќајќи се во минатото може да се воочи дека во Куманово само градоначалници биле од редовите на СДСМ. Очигледно дека Димитриевски призна колку се способни неговите сопартијци да реализираат нешто за доброто на граѓаните, за жал тоа денеска и граѓаните го чувствуваат.

Коронавирус