среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Димитриевски контра Заев: Граѓаните се повеќе си одат од Македонија, една од причините е немање правна држава

Димитриевски контра Заев: Граѓаните се повеќе си одат од Македонија, една од причините е немање правна држава

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово вечерва гостуваше во емисијата „Што не е јасно“, при што посочи дека граѓаните бараат владеење на право, а во Македонија нема и затоа се иселуваат од државата. Градоначалникот на Куманово призна дека неговиот лидер по четири години како е премиер не воспостави владеење на право во државата.

„Граѓаните се повеќе си одат од Македонија, и не си одат само што се погодени од социо економскиот момент туку првенствено се незадоволни што живеат во системи кои што не се средени, кај што нема ред, нема дисциплина и бараат владеење на право. Бараат постандардни услови живеење, бараат комунална инфраструктура и други нерешени прашања со децении,и тоа не може да се реши преку ноќ“, истакна Димитриевски.

Димитриевски посочи дека притоа функционерите треба одговорно да си ги вршат функциите кои што ги имаат добиено од граѓаните, посветено да се работи и да се насочат кон решавање на секојдневните проблеми.

Коронавирус