четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 6
home Вести

Власта ќе го казни градоначалникот Димитриевски оти се тестирал наместо да седи во изолација, но молчат како позитивниот испадна негативен?!

Власта ќе го казни градоначалникот Димитриевски оти се тестирал наместо да седи во изолација, но молчат како позитивниот испадна негативен?!

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, смеел да го напушти својот дом само во случај на влошување на здравствената состојба и тој требало да биде транспортиран исклучиво до соодветно инфективно одделение, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова.

Не објаснија како позитивниот Димитриевски испадна дека е негативен, заедно со член на кризниот штаб. За ова молк од власта.

Таа потсети рече дека за тоа ќе треба да плати казна од 300 до 600 евра бидејќи и покрај решението за самоизолација, излегол од својот дом и правел тестирања во приватни лаборатории.

Директорката Иринка Сотирова Бухова на денешната прес конференција истакна дека лицето М.Д. и уште едно лице иако добиле препорака за домашно лекување, го напуштиле домот.

Во итната службата евидентирани се М.Д и лице Г., како итни случаи. По направената ренген сликата, за едниот е препишана веќе пропишана терапија, а за другиот дека нема потреба од терапија и се упатуваат на домашно лекување. Истите се секојденво контактирани од матичните лекари и немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба. Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, не постапиле по решението.

Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра, рече Бухова.

Коронавирус