четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Димитриевски: Иако постојано бараме, Владата го игнорира нашито барање за карантин на Куманово, додека соработката со МВР ни е одлична

Димитриевски: Иако постојано бараме, Владата го игнорира нашито барање за карантин на Куманово, додека соработката со МВР ни е одлична

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и понатаму инсистира со неговото барање за ставање на општината со која тој раководи, во целосен карантин, како мерка која во голема мера би придонела за спречување на ширењето на корона вирусот, но за кое барање од Владата го игнорираат. Во директно вклучување во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија, тој истакна дека не знае зошто не се носи одлука за одобрување на неговото барање и апелираше Владата да превземе поригорозни мерки за во борбата против корона вирусот и неговото ширеше.

-Не знам зошто Владата не донесе одлука за ставање на Куманово во карантин, ние апелираме континуирано на тоа. Јас сепак сметам дека Владата треба добро да размисли за ставање на Куманово во целосен карантин, затоа што според согледувањата на општинскиот штаб за заштита и спасување, во кој што членуваат членови на сите институции, преку ЦУК, МВР, територијална противпожарна единица, трите здравствени институции во Куманово, на тој начин ќе постигнеме многу поголем ефект и во јавноста и во стравувањето во борбата против корона вирусот во нашата општина, рече Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово смета дека државата треба да ги засили своите капацитети, посебно Министерството за здравство и комисијата за здравство, три што додаде дека треба да ги засилат капацитетите во центарот за јавно здравје во Куманово, со зголемување на бројот на епидемиолози и други стручни лица и тимови во интерес на непречено работење на институцијат и зголемување на бројот на тестови со цел да утврдиме потенцијално поголем број на граѓани кои се носители на вирусот. Димитриевски изрази благодарност на соработката со Министерството за внатрешни работи, при што истакна дека нивната соработка и комуникација е многу интензивна и дека таа е на одлично ниво.

-Ја поздравувам работата на Министерството за внатрешни работи, со нив имаме интензивна и многу добра соработка, на највисоко ниво и морам да потенцирам дека ги споделуваме заедничките ресурси и општинските ресурси како што се возила, луѓе, комплетната логистика од заштитна опрема до се понатаму и соработката е на одлично ниво, беше дециден Димитриевски.

Коронавирус