петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 126
home Вести

Димитриевски: Акцент ставам во изнаоѓање на модел какo да се организира учењето во услови на далечина

Димитриевски: Акцент ставам во изнаоѓање на модел какo да се организира учењето во услови на далечина

Драги Димитриевски професор на Земјоделски факултет и кандидат за ректор на УКИМ во своето гостување во телевизија 24 рече дека тој како кандидат акцент става на изнаоѓање на модел како да се организира учењето во услови на далечина поради актуелната криза поврзана со пандемијата.

-Една од акцентот кој јас ги ставам во мојата програма е токму изнаоѓање на модел како да го организираме работењето на универзитетот во едни вакви услови. Основната дејност односно наставно-образовната дејност која што сметам дека час поскоро треба да се пристапи кон нејзино регулирање бидејќи наставно-образовниот процес е специфичен за различни факултети. Веројатно наставно образовниот процес и со започнување на новата академска година очекувам дека ќе продолжи да се одвива во услови на таканаречено учење на далечина односно со користење на платформите кој што сега се користат на факултетите. Меѓутоа постојат голем број од факултетите, со голем број предметни програми каде што не е возможно да целокупната настава преку учење на далечина. Голем број од предметите од каде јас доаѓам се врзани со лабараториски вежби кои што просто е невозможно да се одржат на една ваква платформа, рече Димитриевски.

Тој во своето гостување посочи дека не знае колку долго ќе трае оваа криза, но она што е започнато треба да се развива и понатаму.

Коронавирус