среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Димитриев: СДСМ и ова мнозинство се спремат за опозиција затоа им се брза на крајот на мандатот да ги донесат законите

Димитриев: СДСМ и ова мнозинство се спремат за опозиција затоа им се брза на крајот на мандатот да ги донесат законите

Во вечерашната емисија на МТВ „Што сега“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Емил Димитриев кој кажа дека за три години сегашната коалиција донела 377 закони додека моментално 123 се предлагаат и дека ваквата бројка јасно говори дека СДСМ и мнозинството се спремаат за опозиција затоа што им се брза со носењето на законите.

– Самите бројки говорат за состојбата во која е доведено Собранието на Република Македонија. Тоа што од СДСМ за три години се предложени 377 закони а само во последните две недели 123 закони говори за девалвирање на највисоката институција а тоа е законодавниот дом, говори за односот на оваа влада кон собранието кон сопствените пратеници вклучувајќи ги и нив тука и говори генерално за демократијата во Република Македонија, нешто што е поврзано со сите сфери кажа Димитриев.

Тој додаде дека во минатото кога СДСМ била во опозиција една од главните критики кон тогашната коалиција е дека собранието преставува нотар на владата односно дека само ги верификува предлозите доставени од владата но податоците говорат дек во времето кога ВМРО ДПМНЕ го имала мнозинството закони во скратена постапка во процент биле само 27 % од вкупно донесените закони во Собранието во тој период додека статистиката за СДСМ говори дека дури 55 % од предложените закони им се по скратена постапка.

Димитриев потенцираше дека ваквата состојба ги надминува сите дефиниции на тоталитарни системи и дека очигледно е дека на владата и се брза да носи закони затоа што се спрема да оди во опозиција.

– Со ова се праќа порака дека СДСМ и ова мнозинство се спремаат за опозиција затоа што им се брза сега на крајот на мандатот да го донесат законите истакна Димитриев