петок, 7. август 2020. Вести денес: 111
home Вести

Димитриев: На овие избори носител на промените е ВМРО ДПМНЕ

Димитриев: На овие избори носител на промените е ВМРО ДПМНЕ

Изборите се денот кога Вие со својот глас влијаете на иднината. По изборите секој активизам, пример: протести, искажано мислење на социјалните мрежи, на улица итн. е со лимитирано влијание, за разлика од тоа да излезете и гласате. На секои избори има повеќе опции, но во суштина се сведува на две, дали сте за актуелната власт или сте за промени. На овие избори носител на промените е ВМРО ДПМНЕ.

Сите што сакаат да се дел од промените својот глас треба да го дадат за Коалицијата Обнова на Македонија. Со тоа ќе помогнат за стабилност на новата Влада и по изборите нема да пресметуваат колку посилна ќе беше победата ако и нивниот глас е дел од оваа коалиција. Ова го пишувам свесен дека наредниот мандат нема да биде полесен од овој кој привршува и затоа многу е важен соодносот во парламентот.

По победата, од ВМРО ДПМНЕ се очекува да биде свесна за своите слабости и да извлече поука за грешките од минатото, само така и понатаму ќе биде единствена алтернатива за подобра Македонија. Добрите идеи, квалитетните и чесни поединци од помалите партии треба да ги стави во функција и да започне процес на целосна консолидација на идеолошкиот простор кој го покрива.
Да живее Македонија !

Коронавирус