четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 94
home Вести

Димитриеска Кочовска: Владата да продолжи со субвенционирањето на плати во точно таргетирани дејности без да се бара од нив да ги вратат парите

Димитриеска Кочовска: Владата да продолжи со субвенционирањето на плати во точно таргетирани дејности без да се бара од нив да ги вратат парите

Иако од владата милуваат да се фалат дека стопанството минатата година го помогнале со околу милијарда евра, тоа не е точно затоа што од БДП беа издвоени само 3,5% што преставува еден од најниските проценти на издвоени средства за помош на стопанството во Европа. Во бројки тоа е некаде околу 350 милиони евра, што е далеку од една милијарда, вели Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа во емисијата „Економски магазин“ разговарајќи за петиот сет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните кој требаше да биде донесен во јануари месец, но сеуште не се знае што ќе содржи тој, таа апелираше да се продолжи со субвенционирањето на плати.

Кочоска истакна дека иако македонското стопанство минатата година, како што рече, крвареше Владата не го помогна доволно, не реагираше веднаш со појавата на пандемијата со корона вирусот иако затвори голем дел на стопански дејности.

– Ние минатата година не сме го помогнале доволно стопанството иако македоското стопанство крвареше во текот на 2020 година, поготово што владата субвенционираше плати, па имавме прекин во одреден период . И сега веќе на почетокот на 2021 година имаме компании кои што навистина се во многу тешка состојба, оние пари кои што ги имаа ги потрошија и сега доаѓаме во ситуација да навистина им треба помош. Не знам како ќе им бидат скроени мерките овој пат, но апелирам да се таргетираат навистина оние дејности на кои навистина им е потребна помош и да се помогне не само во три, туку и повеќе ако е потребно, и не да одат на варијантата да тие фирми ги враќаат парите, туку да им помогнат. Ова го велам затоа што сето ова почна со корона кризата и вонредната состојба, Владата не реагираше веднаш. Затворивме еден куп дејности, ресторани, кафичи а не им дадовме алтернатива. Тие немаа приходи, а во тој момент плаќаа обврски не само за кирии, туку и за плати, кумуналии и така натаму, истакна Кочоста.

Таа додаде дека сето ова им направи проблеми со ликвидноста на фирмите кои почнаа уште во месец март, при што сега сутуацијата е алармантна и затоа е потребно да се даваат средства на компаниите, а при тоа да не се бара од нив да ги вратат парите назад затоа што навистина се во многу лоша состојба.

– Сето тоа им направи пореметување во ликвидноста. И кога вие имате проблеми со ликвидноста која што почнала во месец март, сега веќе ситуацијата станува алармантна и затоа потребно е да се даваат средства. Треба да се продолжи со давањето грантови со субвенционирањето на плати секако. Јас очекувам дека тоа ќе се направи со тоа што, сега веќе треба да субвенционираме плати на точно таргетирани дејности кои што навистина имаат проблем, порача Кочоска.

ЕУРО 2020

Македонија