четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 32
home Вести

Димитриеска Кочоска: Заев е најголемиот предавник на соптсвениот народ, срамот да престане со оставка

Димитриеска Кочоска: Заев е најголемиот предавник на соптсвениот народ,  срамот да престане со оставка

Факт е дека ние во моментов ги живееме најтешките денови од историјата на овој народ. Овој народ познава многу предавници кои биле запишани низ историјата како што имало исто така и многи јунаци, меѓутоа сите тие предавници во минатото
го забодувале својот нож во грб. Овој најголем предавник на македонскиот народ, боде со неговиот нож директно во срцето, рече Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговото име е Зоран Заев и историјата ќе го памети како најголем предавник на македонскиот народ. Од овде од Гостивар му порачувам, Македонија не е негова своина, тој нема право да ја распродава Македонија затоа што тој Македонија не ја поседува. Исто како што и ние не ја поседуваме Македонија. Македонија колку што е наша, исто толку е и на идните генерации кои што ќе се раѓаат и ќе живеат тука. Македонија е исто толку и на оние кои живееле пред нас и го дале животот за оваа земја. Како што Македонија е на Гоце Делчев, на Питу Гули, на Кузман Јосифовски Питу и на сите други знајни и незнајни борци. Токму од тука му порачувам на Зоран Заев, да си поднесе веднаш оставка, да престане да го срами овој народ, а најмногу од се да престане да ги срами своите две деца. На нив им го остава најголемиот терет и на идните генерации од неговото семејство. Тие ќе бидат запаметени како најголемите предавници на оваа држава, истакна Димитриеска Кочоска.

Исто така му порачувам дека Македонија не е неговиот ајвар Мамас, па кога преговара со трговците може да се договара за цена. Оваа земја нема цена, оваа земја е вечна, така ќе остане секогаш. Да живее Република Македонија! Додаде таа.

Коронавирус