понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Димитриеска Кочоска: Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината

Димитриеска Кочоска: Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината

Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината. Дополнително, се покажува вистинското лице и однос кон вработените кој имено Владата веќе три години го практикува. Едно е јасно, Вие вака се однесувате кон вработените во Министерството, а СДСМ кон сите граѓани на Република Македонија.

Почитувани вработени, Ве охрабрувам да бидете слободни во комуникацијата со мене, во мене имате чесен соработник. Ние заедно ќе го унапредиме работниот процес и ќе создадеме средина во која одлично ќе комуницираме. Бидете сигурни дека времето на притисоци и забрани завршува!

А верувам дека бргу ќе се дознае и што е тоа што Власта не сака да се знае и какви параметри се сакаат да се сокријат, напиша на Фејсбук, заменик министерот за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Коронавирус